Revita Fe Stevia

219 ден

Revita Fe Stevia® е диететски производ на база на лиофилизиран матичен млеч, најсилната природна состојка која го стимулира и обновува човековиот организам, во комбинација со Стевиа – природен засладувач со висока биолошка вредност. Со природен вкус на шумско овошје, збогатена со дневно препорачаната доза на витамин Ц, Revita Fe Stevia е идеален избор за секој на кој му е потребна додатна доза на железо, без додаден шеќер.

Revita Fe Stevia® е одличен, нискокалоричен додаток во секојдневната исхрана (во пакување од 9гр за 1.5 литри напиток). Особено е погодна за:

  • Лица со дијабетес,
  • Лица на редукциони диети,
  • Лица со зголемени потреби од железо,
  • Деца во развој,
  • Бремените жени и доилки,
  • Лица со сидеропенична анемија,
  • Лица кои се опоравуваат од операција.

Матичниот млеч ја забрзува апсорпцијата на железото и ја зголемува на речиси 80%, а има и антианемично дејство, го зајакнува имунитетот и го стимулира брзото производство на еритроцити (црвени крвни зрнца) и хемоглобин. Покрај тоа, железото  во Revita Fe Stevia® е врзано за протеини, хелирано, со што се избегнува неговата оксидација како метал и затоа се консумира како пријатен и освежителен пијалок без вообичаените тегоби како мачнина, гадење, киселини, запек, дијареа и метален вкус во устата.

Категорија: Шифра:3572

Состав

Активни компоненти – матичен млеч, двовалентно хелатно железо и витамин Ц.

Употреба

Кесичката од 9гр се раствора во 1,5л вода. Со растворањето се добива напиток со природен вкус на шумско овошје кој треба да се испие во рок од 2 дена. Се препорачуваат 1-3 чаши на ден во зависност од потребата на организмот и возраста.

Оценки

Сè уште нема оценки

Бидете први кои ќе даде оценка за “Revita Fe Stevia”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *