Состав

Матичниот млеч е густа жолтеникава течност која ги содржи сите елементи за раст, развој и нормално функционирање на човековиот организам: вода, протеин, редукциони шеќери (гликоза и фруктоза), липиди, богат минерален состав (сите важни микро и макро елементи: калиум, натриум, калциум, фосфор, магнезиум, железо, цинк, сулфур, кобалт, хром, бизмут, бакар и тн.), витамини (особено B5, B6, A, C, D и E), 18 врсти на аминокиселини, вклучувајќи ги сите 8 есенцијални и незаменливи (валин, леуцин, изолеуцин, треонин, метионин, фенилаланин, триптофан и лизин) и многу супстанции кои спречуваат размножување на бактерии и вируси. Изобилува со природни антибиотици и моќни антивирусни супстанции како и незаситена масна киселина 10-хидрокси 2-деценска киселина (10-N-2-DA) кои што не може да се најдат никаде на друго место во природата.