Revita го зајакнува имунолошкиот систем и ја зголемува отпорноста на организмот кон инфекции. Биостимулаторите присутни во матичниот млеч го поттикнуваат создавањето на антитела и леукоцити, основните клетки кои се борат против бактерии, вируси и други патогени.
Уште во седумдесеттите години на минатиот век, руските научници потврдуваат дека матичниот млеч значително ја зголемува продукцијата на одбранбени клетки. Ова значи дека кога организмот ќе дојде во контакт со инфективен агент, телото побрзо реагира – создава антитела и отстранува бактерии и вируси, со што се намалува ризикот од развој на инфекции.
Дополнително, матичниот млеч регулира имунолошкиот систем, спречува прекумерни воспалителни реакции и ја одржува оптималната рамнотежа помеѓу имунитетот и здравите ткива. Ова ја прави Revita идеален додаток во исхраната како превентивна заштита, како и поддршка за телото во периоди на зголемен ризик од инфекции, хронични заболувања или стрес.
Научните истражувања покажуваат дека матичниот млеч:
-
ја зголемува продукцијата на одбранбени клетки и антитела
-
ја намалува продукцијата на кортизол, хормон кој го ослабува имунитетот
-
го забрзува опоравувањето после болести
-
ја зголемува отпорноста на вирусни, бактериски и габични инфекции
Редовното внесување на Revita матичен млеч го подобрува природниот имунитет на целото семејство – од деца до возрасни – и помага организмот да реагира побрзо и поефикасно на секоја закана за здравјето.

