Како делува

Матичниот млеч е најсилната природна состојка која го стимулира и обновува човековиот организам. Тој исклучително брзо се апсорбира и транспортира до основните едници на човековиот организам – клетките. Со неговото дејство на ниво на клетка благопријатно влијае на целиот организам. Благодарение на својот состав со протеини, аминокиселини како и многубројни неоргански компоненти и витамини, млечот помага на клетката да се регенерира, опорави, да воспостави нормален метаболизам и ја поттикнува клетката на делба со што се создаваат нови клетки. Со самото тоа ткивата подобро функционираат, а организмот како целина се враќа во нормала.

Матичниот млеч има биорегенеративно, антистресно и имуностимулативно дејство. Revita ја зголемува отпорноста на стрес, го зајакнува организмот и помага тој побрзо и поефикасно да реагира на било кој облик на терапија, а последиците на болеста да се сведени на најмала можна мера.

Млечот го зајакнува имунолошкиот систем и ја зголемува отпорноста на инфекции затоа што биостимулаторите во млечот го поттикнуваат создавањето на антитела и леукоцити. Природните антибиотици во млечот го неутрализираат или го уништуваат големиот број бактерии и вирусопредизвикувачи на најтешките инфекции и воспаленија: од грип и кариес до жолтицата и миокардитисот.

Матичниот млеч го стимулира растењето и развојот и го забавува стареењето. Ја има силата на мајчиното млеко бидејќи основната функција му е да создаде пчела матица која е три пати потешка од другите пчели и која живее и до 72 пати подолго од другите пчели во кошницата и е најплодно суштество на планетата. Затоа млечот на децата им овозможува нормален развој, а на возрасните биолошки им ја зајакнува и подмладува секоја клетка и ја штити од болести.

Млечот благопријатно влијае на нервниот и кардиоваскуларниот систем бидејќи ја подобрува циркулацијата на крвта. Го ублажува уништувањето на нервните клетки, го нормализира крвниот притисок, го забавува процесот на склероза на крвните садови, ја спречува појавата на проширени вени, инфаркт на миокардот и нарушување на венската циркулацијаа и го забрзува излекувањето на веќе постоечките болести.

Нормализирањето на хормонскиот статус значајно ги ублажува климактеричните тегоби кај жените, додека пак кај мажите ја зголемува количината и подвижноста на сперматозоидите, позитивно влијае на машката и женската потенција.

Матичниот млеч го регулира работењето на виталните органи и ткива и затоа го забрзува лекувањето кај болестите на срцето, црниот дроб, бубрезите, бешиката, астмата, бронхитисот, заболување на кожата и слузокожата, кариесот и катарактата. Сево ова е возможно затоа што млечот подеднакво навлегува во ткивата на парадентот, очниот и слушниот апарат, дишните органи и црниот дроб, бубрезите, срцето, панкреасот, мускулниот и коскениот систем.