За правилен раст, развој и отпорност кај децата

Revita го зајакнува имунолошкиот систем и ја зголемува отпорноста од инфекции, го поттикнува растот кај децата, ја зголемува искористливоста на хранливите материи од храната воедно подобрувајќи го нивниот апетит.

Бидејќи матичниот млеч по својата биолошка намена е мајчино млеко за пчелите, најбрзо дејство постигнува токму кај децата од претшколска и школска возраст.

Првите клинички испитувања на млечот спроведени пред 40 години на европските клиники покажуваат дека млечот е супстанца број еден за зголемување на отпорноста кај децата, а првите искуства покажуваат дека со примена на овој пчелин производ се поттикнува растот кај децата кои слабо напредуваат, го регулира нивниот апетит и им овозможува нормален и складен развој. Такви се и првите искуства со Revita: децата брзо напредуваат, правилно се развиваат, а сето ова е проследено со соодветен напредок на менталните функции и голема отпорност на инфекции. Овде посебно се истакнуваат Revita Orange® и Revita Fe® производите кои го стимулираат правилното формирање на црвени крвни зрнца и произведувањето на доволна количина на железо во крвта. Благодарение на дејството на млечот на антителата IgE, медијатори во бронхо-астма, доаѓа до олеснето дишење на децата со овие проблеми, поголема отпорност на алергени и нормализирана телесна тежина. Ништо од ова не треба да чуди ако се сетиме кому е наменет млечот во природата – токму на подмладокот.