Ревита, матичниот млеч и хормоните на задоволство!

Ревита, матичниот млеч и хормоните на задоволство!

Болеста произлегува од духот!

Модерните научни истражувања укажуваат дека среќните луѓе се поздрави од оние кои имаат негативни мисли. Присуството на позитивни мисли предизвикува биохемиски промени во мозокот кои многу силно и благотворно делуваат на физиологијата на нашето тело. Матичниот млеч и Ревита значително ги поттикнуваат тие корисни промени.

Затоа древните народи толку многу инсистирале на древните техники усмерени на производство на позитивни мисли и емоции. Мислите означуваат вежбање на благотворната хемија на мозокот, која влијае на лачењето на хормоните од различните зони на мозокот, како што се хипоталамусот и хипофизата, подоцна овие хормони пренесуваат порака до другите органи од нашето тело. Модерната наука ги карактеризира како ендорфини, хормони на задоволството кои предизвикуваат чувство на опуштеност и хармонија.

Меѓутоа, по истиот принцип дејствуваат и негативните мисли и емоции, Така, негативните и непријателски мисли предизвикуваат забрзано чукање на срцето, зголемен крвен притисок, црвенило на лицето. Анксиозните мисли предизвикуваат замор, ладна пот, грчеви во стомакот, чувство на општа слабост. Една од најголемите предности на Ревита е тоа што го подобрува нашето расположение зголемувајки ја продукцијата на ендорфинот, хормоните на задоволство кои се дури 50 пати појаки од морфиумот, со тоа што човек не може да развие зависност на нешто што самиот го произведува.


Ние сме она што мислиме!

Денешната наука многу болести ги прогласува за психоматски. Здравјето, болеста, животот и смртта не се апсолутни, тие се поврзани со нас и доаѓаат од нас. Нашиот начин на размислување и гледање на работите не прави она што навистина сме.

Меѓутоа, секој од нас е подложен на таканаречениот пад на биоритамот и менталниот тонус, сезонски депресии и моменти кога мислиме дека не постои решение. Тогаш значително слабее нашата вродена способност за производство на хормонот на задоволство, позитивни мисли и емоции. Во таква ситуација, поддршката треба да ја побараме во природата.

Ревита и матичниот млеч како нејзина основна состојка и природна супстанца, има способност да го поттикне производството на хормоните на задоволство, да го хармонизира хипоталамусот (дел од мозокот популарно наречен Крал на емоциите) и така во краток рок да го врати доброто расположение, оптимизмот, позитивните мисли и емоции во нашите нервни ќелии, а нивото на нашата енергија да го подигне на ниво како да сме 24 саати приклучени на атомска централа. А всушност и навистина сме, приклучени сме на супстанцата која има најголем енергетски потенцијал од сите природни супстанци на планетата, а тоа е секако матичниот млеч.

Научните истражувања потврдуваат дека редовното конзумирање на матичниот млеч значително ја намалува потребата и за алкохол и цигари, по кои обично посегнуваме кога опаѓа нашиот дух. Причината се крие во стимулативното дејство на Ревита и млечот на поединечните зони во мозокот од каде потекнуваат емоциите и одлуките во афект. Затоа за млечот важи дека е најсилниот природен допинг кој за разлика од хемискиот му носи благодети на нашиот организам.

Додај коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *