Против анемија

Revita Fe Forest Berries® е единствен производ, не само поради обликот на железо кој го содржи, туку и поради присуството на матичен млеч. Познато е дека преку храната од билно потекло се внесува тровалентно железо кое не е соодветен облик на овој олигоминерал кој е од животно значење за човекот, бидејки црвените крвни зрнца не го апсорбираат и како такво не може да се вгради во хемоглобинот. Храната од животинско потекло (месото) има соодветен облик на железо (двовалентно), но е потребен поголем дневен внес на намирници, а тоа не е секогаш возможно, а ни безбедно за здравјето.

Revita Fe Forest Berries® е всушност одговорот на компанијата ALTAMED на тоа прашање. Во Revita Fe® се наоѓа двовалентно железо, единствениот облик кој човекот може да го користи, а матичниот млеч го зголемува процентот на негово апсорбирање, па за вистинскиот ефект доволна е помала количина во споредба со класичните препарати со додаток на железо. Благодарение на присуството на матичен млеч, железото од Revita Fe® многу лесно се вградува во 12 палачното црево. Покрај тоа железото е врзано за протеини, хелирано, со што се избегнува неговата оксидација како метал и затоа при неговото конзумирање ги нема вообичаените тегоби како мачнина, гадење, киселини, запек, дијареа и метален вкус во устата.

Редовното консумирање на Revita Fe® овозможува:

  • добра крвна слика;
  • оптимални вредности на хемоглобин;
  • железо кое циркулира и железо кое е складирано;
  • брзо надополнување на железото после болест или некоја операција;
  • идеален производ и за трудници и доилки бидејќи ги штити двете групи од постпородилна анемија.

За децата од школска и претшколска возраст, Revita Fe® не е само одличен, природен извор на железо, туку и препарат кој благодарение на матичниот млеч го зајакнува имунитетот, го подобрува помнењето, концентрацијата, овозможува идеален раст и развој, а кај девојчињата во пубертет помага полесно и побезбедно да поминат низ таа животна фаза и да избегнат анемија.