Матичниот млеч и здравјето

Лиофилизираниот матичен млеч се смета за врв на природната биосинтеза, сонцето, цвеќињата и пчелите. Како најмоќен природен биостимулатор, биорегенератор, имунотоник и адаптоген, млечот е драгоцено средство за зачувување на здравјето и забрзување на процесот на лечење.

Матичниот млеч ги содржи сите 8 есенцијални аминокиселини, витамини, минерали, хормони, ензими и неуротрансмитери. По вадењето од кошница, матичниот млеч ги задржува своите биоактивни својства само 48 часа. Единствен начин да се продолжи биоактивноста на млечот е по пат на лиофилизација кој го ослободува од водата при што се добива т.н. лиофилизиран матичен млеч кој ја задржува својата биоактивност полни две години. Ваков лиофилизиран матичен млеч е основната состојка во сите производи Revita.

Еден од најважните мотиви за воведување на Revita во секојдневната исхрана е својството на матичниот млеч да ја зголеми отпорноста на вируси, бактерии, габични инфекции и паразити. Уште во седумдесеттите години на минатиот век руските научници потврдуваат дека млечот ја зголемува продукцијата на одбрамбени клетки во моментот на допир на организмот со инфективниот агенс –  побрзо се создаваат антитела и отстрануваат бактерии од организмот. Исто така, матичниот млеч ја зголемува отпорноста на стрес така што влијае на намалување на продукцијата на стесниот хормон кортизол кој директно го намалува производството на одбрамбени ќелии. Ова комплексно дејство на млечот врз имунитетот, хормоните и нервниот систем кои се во нераскинлива врска и дава предност на Revita над сите останати имуностимулатори.

Долгогодишните искуства укажуваат дека со помош на Revita и матичниот млеч имунолошката стабилизација е толку силна што се одразува и на алергиите на полен, куќна прашина и други алергии, до степен да човекот живее и работи со минимални тегоби, во опкружување на чии алергии дотогаш реагирал бурно.

Што го прави матичниот млеч најсовршена материја во природата?

Млечот е единствениот производ во кој постојат преку 150 биолошки активни состојки: белковини, масти, шеќери, витамини, најважните минерали и голем број биостимулатори. Тој е најсилна природна состојка која го стимулира и обновува човечкиот организам, го зајакнува имунолошкиот систем и ја зголемува отпорноста на инфекции затоа што биостимулаторите во него силно го поттикнуваат создавањето на антитела и леукоцити.