Услови за користење

Општи правила и услови за користење на revita.mk

Овие Услови за купување на производи преку интернет, заедно со нашата Политика за приватност се важечки при Вашиот пристап и користењето на нашата интернет продавница и купувањето на производи нарачани преку нашата интернет продавница.

Со нарачката на производи и/или услуги од нашата интернет страница, Вие потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и сте се согласиле да бидете обврзани со овие Услови за онлајн купување.

Купување на производ од revita.mk

Сите наши производи презентирани на нашиот веб-сајт се достапни за онлајн купување. Сепак, некои производи може да не бидат достапни во моментот на процесирање на нарачката.

• Производите се нарачуваат со додавање на било кој од производите кои сакате да ги купите во Вашата кошничка;

• Ако сте нов клиент, Вие ќе имате можност да креирате Ваш профил на нашата интернет страница, или да продолжите со купување без креирање на профил.

• Откако ќе се најавите, ќе морате да ја потврдите Вашата нарачка.

• Доколку не се најавите преку Ваш профил на нашата интернет страница, во тој случај пред потврдување на нарачката од Вас ќе биде побарано да внесете информации неопходни за потврдување на Вашата нарачка.

• Веднаш откако ќе извршиме проверка дали Вашата нарачка може да се процесира, ние или ќе Ви испратиме преку е-маил (адреса за е-пошта) официјална потврда за нарачката (во кој момент Вашата нарачка ќе стане обврзувачки договор за двете страни), или пак ќе Ве известиме преку е-маил (адреса за е-пошта) ако нарачаниот препарат не сме во можност да ви го доставиме, ќе бидете контактирани во најкраток можен рок и во договор со вас ќе ви биде понудена замена или ние ќе го отстраниме препаратот од вашата кошничка во договор со вас.

• Дополнително, Вие би можеле де бидете исконтактирани и преку телефон на контакт телефонот наведен во Вашата нарачка.

Плаќање

Сите цени во оваа web- продавница се конечни на денот на нарачката и во нив веќе е вклучен ДДВ. Сите цени се изразени во денари.

Плаќањето на производите се врши во готово, на врата, при превземање на пакетот од курирската служба што ја врши доставата.

Испорака

Нарачаните производи ви ги праќаме по брза пошта која го гарантира квалитетот и времето на испорака. Испораката е можна на целата територија на Македонија, а нарачаните производи ги добивате во рок од 2 работни дена. За нарачка поголема од 1700 денари доставата е БЕСПЛАТНА. За нарачка под 1700 денари цената за достава изнесува од 90 до 150 денари во зависност од големината на пратката.

Revita.mk не презема одговорност во случај на задоцнување во испораката поради неточна или нецелосна адреса, виша сила или сообраќајни проблеми.

Одговорност на корисникот при регистрирање

Кога се користи веб страницата корисникот е должен да обезбеди точни, прецизни лични информации кога ќе пополнува формулар за регистрација. Доколку се дадат погрешни информации, лажни или нецелосни revita.mk го задржува правото за нивно поништување и бришење. Сите дадени податоци се заштитени со закон и можат да се прочитат во политика на приватност.

Рекламации и замена

Купувачот има право да го врати производот во следниве случаи:

• испорака на производ што не е порачан;

• испорака на производ со поминат рок;

• испорака на производ кој е оштетен.

Ревита 2013 дооел прифаќа враќање на оштетена или неправилно доставена стока на сопствен трошок, доколку се утврди дека жалбата е оправдана и дека купувачот не влијаел на исправноста, оштетувањето на производот . Во случај на оправдана жалба, трошоците за замена на производот со нов производ ќе ги сноси целосно Ревита 2013 дооел.

Ограничувања на одговорност

Нашата одговорност во врска со кој било производ купен преку нашата веб-страница е строго ограничена на куповната цена на таквиот производ и на трошоците за замена на соодветните производи;

Веб-страницата revita.mk не е замена за лекарски преглед или консултација со доктор. Информациите на веб-страницата revita.mk не смеат да се користат за да се постави дијагноза. Доколку имате било какво двоумење околу изборот на препарати за самолечење, оправданоста и начин на користење консултирајте се со Вашиот доктор или фармацевт. Ако сте бремени или доите или користите било какви лекови, консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт пред да изберете препарат самостојно.

Со користење на веб-страницата revita.mk, се смета дека се согласувате дека Revita 2013 dooel нема да одговара за директна или индиректна, материјална или нематеријална штета причинета со толкување на информациите од страницата revita.mk или избирање на производи од веб-продавницата.

Други услови

Условите за продажба може да бидат променети и без претходна најава. Сите потврдени нарачки ќе бидат доставени под условите што важат во моментот на потврдување на нарачката. Revita.mk го задржува правото да не испорачува препарати врз основа на нарачки со нецелосни и / или неточни информации.