За нас
Производите РЕВИТА настануваат како резултат на тесната соработка помеѓу компанијата АЛТАМЕД и Руската академија на науките, како решение на задачата како да им се помогне на луѓето кои се изложени на исклучителни психофизички напори. РЕВИТА се препорачува на сите кои сакаат да живеат поквалитетен и поздрав живот, како високо квалитетен додаток во исхраната на база на матичен млеч во лиофилизирана форма.
Компанијата АЛТАМЕД од Белград е основана во 1990 година. Дејноста на компанијата е производство, промет, инжењеринг и трансфер на нови технологии во областа на заштитата на човековото здравје и заштита на животната средина со целосно почитување на еколошките и други стандарди за квалитет.
Деловната ориентација на АЛТАМЕД кон трансфер на софистицирани, нови и атрактивни технологии, произлегува од долгогодишната соработка со низа угледни научни и образовни институции во земјата и во странство.
Програмата РЕВИТА е еден од најзначајните резултати на оваа соработка. Развојните цели на АЛТАМЕД се достигнување на највисоките светски стандарди во работењето на глобалниот пазар. Ефикастноста на ова стратегија ја потврдуваат досегашните бројни резултати и признанија.
Своите производи покрај во Србија и Македонија, АЛТАМЕД ги дистибуира и во Хрватска, Словенија, Босна и Хецеговина, Црна Гора, Австрија, Унгарија, Италија, Швајцарија, Русија и Австралија.
Компанијата РЕВИТА 2013 дооел е ексклузивен увозник и дистрибутер за производите РЕВИТА на територијата на Република Македонија.