Нервите се “поцврсти”, а мозокот повитален!
За човек кој живее под стрес и во загадено опкружување веројатно антистресното дејство кое го поседува млечот е пресуден мотив за редовно користење на Revita. Истражувањата покажуваат дека млечот го намалува производството на хормонот на стрес кортизол во организмот и на тој начин го намалува алармирањето во стресни ситуации. Најважниот факт е тоа што млечот го зајакнува нервниот систем и го подобрува сонот и расположението.
Дејството на млечот врз подобрување на циркулацијата на мозокот, како и периферниот нервен систем е поткрепено со научни докази, а за Revita производите сето ова е потврдено уште од деведесеттите години со брзото опоравување на луѓе кои претрпеле мозочен удар. Веќе во рок од половина час после испиена чаша Revita млечот навлегува во нервната ќелија и се вклучува во нејзиниот осетлив метаболизам. Тоа ни дава чувство на свежина, прилив на енергија и подобрено расположение. Редовното консумирање видно го ублажува чувството на депресија, малаксаност, напнатост, нервоза и анксиозност. Сонот станува подлабок и подолг, а се подобрува и расположението како резултат на зголемената продукција на хормонот на задоволство – Ендорфин.
Едно од најважните откритија е дека млечот го поттикнува создавањето на нови нервни клетки и кај возрасните, и тоа во делот на мозокот одговорен за учење и помнење – Хипокампус – што овозможува не само подобро помнење туку и совладување на нови знаења и во поодминати години како и намалување на ризикот од алцхајмерова болест и сенилност.