
Европски златен медал за квалитет, Париз 2002 година
Во Париз, на 23 октомври 2002 година, на програмата Revita и беше доделена награда за квалитет во областа на храната и пијалоците. Ова високо признание е основано од Асоцијацијата Trade Leaders Club со цел да ги охрабри и промовира компаниите кои се вистински лидери во својата област во квалитетот на производите и услугите. Со програмата Revita, Алтамед се најде во реномирана група од 45 компании од сите континенти кои го носат ова признание.