Матичниот млеч – најдоброто од природата за децата!

Избалансираната исхрана кај децата, нивниот нормален раст и отпрноста на болести, беше и остана голем проблем. Тоа е посебно изразено денес кога пазарот е преплавен со вештачки препарати и индустриски обработена храна.
Во таква ситуација матичниот млеч е навистина спасоносно решение за секое дете! Матичниот млеч во лиофилизирана форма кој e главна состојка на Revita производите го зајакнува имунолошкиот систем и ја зголемува отпорноста од инфекции, го поттикнува растот кај децата и ја зголемува искористливоста на хранливите материи од храната воедно подобрувајки го нивниот апетит.
Носител на биолошките ефекти на Revita e лиофилизираниот матичен млеч, пчелин производ кој има биорегенеративно, антистресно и имуностимулативно дејство, поради што и Руската Академија на Науките го прогласила за адаптоген.
Бидејки матичниот млеч по својата биолошка намена е мајчино млеко за пчелите, најбрзо дејство постигнува токму кај децата од претшколска и школска возраст.
Првите клинички испитувања на млечот спроведени пред 40 години на европските клиники покажуваат дека млечот е супстанца број еден за зголемување на отпорноста кај децата, како и кај хипотрофија- неухранетост кај децата, слаб раст и развој. Благодарение на матичниот млеч децата брзо напредуваат, правилно се развиваат, а сето ова е пропратено со адекватен напредок на менталните функции и голема отпорност на инфекции.
Она што млечот го издвојува од другите слични супстанци во природата, а Ревита ја сместува во посебна класа на додатоци во исхраната, е способноста на млечот да го корегира метаболизмот на тој начин зголемувајки го нивото на енергија т.е физичка и ментална снага.
Другата способност на млечот, поради која и го добива епитетот адаптоген е тоа што го намалува создавањето на стресните хормони во телото, со што нивото на хормонот за раст се враќа во нормала. Двата ефекти на млечот видно се одразуваат на правилниот раст и развој кај децата, подобра моторика и психофизичка кондиција, зголемена отпорност на инфекции и поголема детоксикациона и биорегенеративна моќ на организмот, посебно кај оние кои живеат во поголемите урбани средини, полни со стрес и аерозагадување.
Revita е потполно природен диететски производ, со исклучително квалитетни, природни состојки- покрај матичниот млеч како главна состојка, тука се и Ц витаминот, и природна арома на портокал кои ја прават Ревита многу вкусен и освежителен пијалок кој децата уживаат да го пијат. Квалитетот и исправноста на РЕВИТА редовно се контролираат во релевантните државни установи, биоактивноста на млечот се проверува на Биолошкиот Институт Синиша Станкович во Белград.
Бидејки по својата биолошка намена матичниот млеч е мајчино млеко за пчелите, не треба да чуди и неговиот неверојатен допринос за здравјето на децата. Revita им дава енергија, обезбедува правилен раст и развој, ја зголемува отпорноста на инфекции, го подобрува апетитот и ја зајакнува менталната функција.
Revita е вашата поддршка за здраво детство!
