Еликсир за срцето и крвните садови

Меѓу првите откритија во врска со придобивките од матичниот млеч за човековото здравје се вбројуваат баш оние кои докажуваат дека овој исклучителен пчелин производ е вистински еликсир за срцето и крвните садови, особено за луѓето изложени на континуиран стрес и загадено опкружување. Секој појак стрес остава свој потпис на срцето и крвните садови, па заради тоа откритието дека матичниот млеч може да го направи срцето поотпорно на стресот и на неговите последици било едно од најважните кога се во прашање придобивките од овој пчелин производ.

Истражувањата покажуваат дека млечот го намалува производството на хормонот на стрес кортизол во организмот и на тој начин го намалува алармирањето во стресни ситуации. Од друга страна, матичниот млеч има способност да ја подобри искористливоста на хранливите материи и така да ја зголеми количината на глукоза и гликоген во организмот, а гликогенот е главното гориво за сите мускули. Бидејќи срцето е најважниот мускул во организмот, станува јасно дека млечот на тој начин ја зголемува моќноста на срцето, без разлика дали се работи за дете од школска возраст или повозрасна личност. Овде посебно доаѓаат до израз Ревита Ориблети кои се ароматизирани со природна арома на портокал и претставуваат лесен и ефикасен начин да во крвотокот се внесат корисните материи од матичниот млеч.

Ревита производите можат да помогнат и кај двата проблема кои се денес најприсутни во кардиоваскуларниот систем: артериосклероза и атеросклероза.

Воведувањето на матичен млеч во секојдневниот начин на исхрана ќе му помогне на организмот во одржувањето на соодветно ниво на таканаречениот добар и лош холестерол, како и триглицеридите, со помош на силното детоксационо својство кое го има млечот се намалува и притисокот на крвта на крвните садови. Заради сето ова, оние кои редовно користат Revita, може да се надеваат, веќе после неколку месеци на значително подобрување на работата на срцето и чистење на крвните садови, особено ако е пропратено со коригирана исхрана и зголемена физичка активност.

Повеќегодишното искуство покажува дека редовното конзумирање на Revita го убрзува закрепнувањето после срцев удар и помага да се стабилизира нивото на холестерол и масти, воедно намалувајќи го ризикот од нов срцев или мозочен удар.

Додај коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *